/Прочитано:

1.556

Предлогот за новиот владин кабинет доставен до Собранието на Република Македонија

Радмила Шекеринска е предложена за министер за одбрана, Оливер Спасовски – за внатрешни работи, Драган Тевдовски – за финансии, Никола Димитров – за надворешни работи, Рената Тренеска-Десковска – за образование и наука, Горан Сугаревски – за транспорт и врски, Љупчо Николовски – за земјоделство, Мила Царовска – за труд и социјална политика, Дамјан Манчевски – за информатичко општество и администрација, Роберт Алаѓозовски – за култура. Кочо Анѓушев е предложен за вицепремиер за економски прашања, а Едмонд Адеми, Роберт Поповски, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зоран Шапуриќ и Зорица Апостоловска за министри без ресор. Предлозите на СДСМ Заев ги соопшти синоќа на прес-конференција по седницата на Централниот одбор на партијата.

Мандатарот Зоран Заев ноќеска до Собранието на Република Македонија ги достави Предлог-програмата и Предлог-составот на новата Влада. Веднаш по ова, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, ја закажа седницата за избор на новата Влада.

Ве известуваме дека мандатарот за состав на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на 28.5.2017 до Собранието на Република Македонија, поднесе Предлог за состав на Владата на Република Македонија и Програма на Владата на Република Македонија.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, Предлогот за состав на Владата на Република Македонија и Програмата на Владата на Република Македонија веднаш ги достави до пратениците, а седницата за избор на Владата ја свика за вторник 30.05.2017 (вторник) година, во 11:00 часот, за избор на Владата на Република Македонија“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија.

Радмила Шекеринска е предложена за министер за одбрана, Оливер Спасовски – за внатрешни работи, Драган Тевдовски – за финансии, Никола Димитров – за надворешни работи, Рената Тренеска-Десковска – за образование и наука, Горан Сугаревски – за транспорт и врски, Љупчо Николовски – за земјоделство, Мила Царовска – за труд и социјална политика, Дамјан Манчевски – за информатичко општество и администрација, Роберт Алаѓозовски – за култура. Кочо Анѓушев е предложен за вицепремиер за економски прашања, а Едмонд Адеми, Роберт Поповски, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зоран Шапуриќ и Зорица Апостоловска за министри без ресор. Предлозите на СДСМ Заев ги соопшти синоќа на прес-конференција по седницата на Централниот одбор на партијата.

Еден ден претходно, ДУИ ги соопшти своите предлози. Хазби Лика е предложен за вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците, Бујар Османи за вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Садула Дураку – министер за животна средина и просторно планирање, Рамиз Мерко – министер без ресор, Крешник Бектеши – министер за економија и Билен Саљији – министер за правда.

За министер за локална самоуправа е предложен Сухејл Фазлиу, додека за министер за здравство Арбен Таравари. Фазлиу и Таравари се предлози на Алијансата за Албанците. 

За изборот на новата влада, пратениците треба да гласаат најдоцна во среда на полноќ, и тоа најмалку 61 пратеник во 120-членото Собрание.

Инаку, во Предлог-програмата за работата на Владата на Република Македонија се наведува дека парламентарното мнозинство, силно посветено на зацврстување на унитарноста, суверенитетот и стабилноста на Република Македонија, ја декларира својата силна политичка волја за формирање на реформска влада, која ќе се фокусира на заедничките стратешки приоритети на Република Македонија, членство во НАТО и Европската Унија и ќе обезбеди брзо и одржливо надминување на политичката криза преку обезбедување реална поделба на власта, функционирање на правната држава и градење силни и професионални институции.

Политичките партии даваат целосна поддршка за формирање на Владата на Република Македонија, која целосно почитувајќи ги Уставот на Република Македонија и нејзините меѓународни обврски, ќе работи на обединување на сите политички сили за платформата за европска и евроатланска Република Македонија. Политичките приоритети на Владата ќе се потпрат врз препораките од Извештајот на Прибе, како и Итните приоритети дефинирани од Европската Унија. Парламентарното мнозинство ќе биде посветено на изградбата на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебно почитување и толеранција и спроведување на Охридскиот рамковен договор.

Ваквата реформска агенда ќе ги овозможи заедничките цели кои ги споделуваат граѓаните на Република Македонија: подобар живот на сите граѓани, развој на економијата, враќање на демократијата, владеење на правото и на правдата, еднаквост на граѓаните, ефикасни институции, квалитетно образование и здравство, како и подобрување на меѓународниот углед и позиција на Република Македонија. На следниов линк е Програмата за работата на Владата 2017-2020.

А. Б.