/ Прочитано:

1.307

Предложени измени на Законот за внатрешни работи

Група пратеници предлагаат измени на Законот за внатрешни работи по скратена постапка. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи по скратена постапка се заснова врз истите начела врз кои е заснован и Законот за внатрешни работи.

foto

Со Законот за внатрешни работи нормaтивно-правно се уредуваат организацијата и надлежноста на Министерството за внатрешни работи, внатрешните работи, категориите, статусот и посебните должности и овластувања на работниците во Министерството, контролата на вршењето на работите на Министерството, правата и обврските од работен однос на работниците во Министерството, должностите на работниците во Министерството, материјалната одговорност, односно надоместокот на штета и дисциплинската одговорност на работниците во Министерството, како и обработката на лични податоци и други податоци и евиденции што се водат во Министерството за внатрешни работи.

Со предложениот закон се предлага организацијата и работата на Министерството да се утврдува со Уредба донесена од Владата на Република Македонија. При конципирањето на ваквата содржина се имаат предвид компаративните искуства на земјите во регионот, и тоа конкретно Република Хрватска и Република Словенија, а со цел создавање на постојани, концизни и функционални решенија во однос на внатрешната организација на Министерството за внатрешни работи. Со предложениот закон се предлага одложна примена на предложените нормативни решенија од 1.1.2017 година, во согласност со постигнатиот политички договор.

„Донесувањето на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи по скратена постапка имплицира донесување на нов подзаконски акт, односно Уредба за организација и работа на Министерството“, се вели во законското образложение.