/ Прочитано:

1.081

Антикорупциска наскоро со нов состав — меѓу предложени кандидати и двајца адвокати

Среда, 8 април 2015 – Државната комисија за спречување на корупцијата ќе добие нов состав.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска предложи именување членови на Антикорупциската комисија од кои само двајца се од постојниот состав.

За членови на Државната комисија за спречување на корупцијата се предлагаат Горан Миленков, адвокат од Скопје, Игор Тантуровски, дипломиран економист, доктор на економски науки од Скопје, Најдо Спасевски, адвокат од Скопје, Сузана Таскова-Аџикотарева, дипломиран правник, магистер по казнено право од Скопје, Жаклина Данчевска, дипломиран правник, магистер по деловно право од Прилеп, како и актуелните Сеиди Халили, дипломиран економист од Тетово и Фарије Алиу, дипломиран економист, доктор на економски науки од Гостивар.

Се очекува оваа предлог-одлука на Комисијата да се најде на првата наредна седница на Собранието.

Претседател на актуелниот состав  на Антикорупциска е Ѓорги Сламков, а покрај него членови се: Фарие Алиу, Љубинка Корабоска, Љубинка Муратовска-Маркова, Мирјана Димовска, Сејди Халили и Зоран Додевски.