/ Прочитано:

770

ПРЕСУДА НА ЕСЧП за случајот со 500-те денари поткуп на македонски полицајци

Понеделник, 25 август 2014 – Европскиот суд за човекови права во Стразбур одлучи по тужбата на двајца македонски полицајци од сообраќајната полиција, кои ја тужеле државата, затоа што биле осудени за земање поткуп од петстотини денари за поткуп за да изречат опомена наместо да напишат казна за возење над дозволената брзина. Сообраќајците преку нивните давокати ја оспориле судската одлука на домашните судови бидејќи се базирала на сведочење на заштитен сведок, дека банкнотите не биле обележани; дека тие не поседувале такви банкноти и дека од аудио материјалот не можело да се утврди дека тие примиле поткуп.

„На 16 мај 2008 судечкиот суд донел пресуда со која апликантите ги прогласил за виновни и им изрекол условна осуда на казна затвор во траење од шест месеци, која нема да се изврши доколку апликантите не сторат кривично дело во рок од 2 години. Судот утврдил дека апликантите зеле поткуп од возачот, полициски службеник кој постапувал по наредбата на јавното обвинителство за примена на посебни истражни мерки“, пишува во пресудата на ЕСЧП.

 Понатаму, во пресудата се наведува дека, тие примиле МКД 500 во замена за неподнесување на кривична пријава, и покрај фактот што релевантното законодавство за таков прекршок предвидувало парична казна или казна затвор во траење од 30 дена, како и задолжителна мерка на безбедбност.

Од аудио доказот било утврдено дека возачот ја пречекорил дозволената брзина на возење и понудил – а апликантите ги примиле парите.

Во овој контекст судот во пресудата го навел следното:

 „Согласно насоките на повисокиот суд, судот вo својство на заштитен сведок го сослуша возачот со псевдоним К.Н. кој потврди дека споменатиот ден бил застанат кога намерно го управувал возилото со брзина поголема од дозволената ,… (апликантите) се согласиле да примат подарок од 500 денари за да не состават записник и прекршочна пријава.

Во овој контекст, изјавата на заштитениот сведок и разговорот со обвинетите снимен со примена на техничките аудио-визуелните средства, целосно се поклопуваат …. Во извештајот (на МВР од 28 јуни 2007) се наведува дека сведокот К.Н. има прикриен идентитет, односно претставува заштитен сведок, заради што судот и не изврши соочување (со обвинетите).„

 Апликантите ја обжалиле пресудата и останале на своето тврдење дека не постојат доволно докази за тоа дека тие ги прифатиле и зеле парите. Тие тврделе дека немало писмена наредба за акцијата која довела до покренување на постапката против нив; дека банкнотите не биле обележани; дека тие не поседувале такви банкноти; дека од аудио материјалот неможело да се утврди дека тие примиле поткуп; и дека опомената која му била изречена на возачот била заведена во службената евиденција и била пропишана за соодветниот вид на прекршок. Тие исто така се жалеле дека осудата се засновала, во најголема мера на изјавата на возачот и аудио материјалот, чија веродостојност тие ја спореле. Во однос на возачот, тие се жалеле дека било неразумно тој да има статус на заштитен сведок со оглед на фактот дека тие претходно веќе го сретнале и имале констакт со него.

 Тие понатаму исто така се жалеле на следново:

„Изјавата од (возачот) е земена во отсуство на обвинетите и нивните бранители, … на обвинетите и адвокатите не им беше дозолено да му постават прашања на сведокот; не беше извршено соочување помеѓу сведокот и обвинетите“.

 Тие се жалеле дека било неразумно тој да има статус на заштитен сведок со оглед на фактот дека тие претходно веќе го сретнале и имале контакт со него. Тие понатаму исто така се жалеле на дека изјавата од (возачот) е земена во отсуство на обвинетите и нивните бранителии денари претходно не била соодветно обележана иако тоа е стандардна мерка во истражните дејствија на полицијата.

 „Навистина, оваа банкнота од 500 денари која обвинетите јa примиле од сведокот не била обележена и обезбедена како матери јален доказ, но од исказот на овој сведок, судот неспорно утврдил дека тој при контролата им дал, а (апликантите) ги примиле овие пари како подарок. Исказот на овој сведок се поткрепува и со писмениот текст од преслушаниот аудио запис за разговорот, па утврдената фактичка состојба не се доведува под никакво сомнение“, пишува во пресудата.

 Судот оценува дека допуштеноста на доказите е прашање кое примарно треба да биде регулирано со домашното законодавство и како општо правило –домашните судови се оние кои треба да ги оценат доказите пред нив. Не е задача на Судот да одлучи дали изјавите на сведоците соодветно биле изведени како докази во постапката.

Судот понатаму констатира дека, со цел да се озбезбеди правично судење на осудениот, сите потешкотии предизвикани на одбраната со ограничување на нејзите права мора да биде доволно балансирано со постапки кои судските органи ги следат.

Судот забележува дека овој случај се однесува на сослушувањето на возачот согласно посебните правила за сослушување на сведоци со прикриен идентитет и последователната употреба на таквиот доказ против апликантите.

 Возачот бил сослушан согласно одредбите од челнот 270-а од ЗКП предвидуваат две ограничувања: (а) целосна заштита на идентитетот на возачот; и (б) неможност на одбраната да присуствува на неговото сослушување.

 Судот забележува дека и покрај заштитатата на идентитетот на возачот тој не би требало да се смета за анонимен во смисла на судската пракса на Судот. Странките се согласија дека апликантите го познавале возачот барем по неговиот физички изглед.

 Судот не смета дека е неразумно што името и функцијата на возачот не им биле откриени на одбраната. Полициските власти имале легитимен интерес да го заштитат идентитетот на својот службеник со цел да можат повторно да го користат и во иднина.

 Во врска со ова Судот констатира дека откако судечкиот суд му го доделил на возачот статусот на сведок со прикриен идентитет и го сослушал, со согласност на апликантите, согласно посебните правни правила за сослушување на ваквиот вид на сведоци, на апликантите им доставил писмен препис од неговата изјава и ги поучил дека може да постават писмени прашања преку судот. Тоа било во согласност со членот 27-а од ЗКП во сила во тој период.

 „Апликантите потврдија дека таква можност им била дадена. Сепак, на претресот на 9 мај 2008 година адвокатот на апликантите изјавил дека „се откажува од поставување на прашања до сведокот со прикриен идентитет К.Н. Според Судот, овој исказ содржи експлицитна и безусловна изјава со која адвокатот на апликантите одбил да му постави прашања на К.Н. Оттука, тие самите се лишиле од можноста“, се вели во пресудата.

 Од тие причини, Судот ја прогласи, едногласно, апликацијата во делот на наводите кои се однесуваат на правата на одбрана на апликантите во однос на сослушувањето на сведокот со прикриен идентитет за допуштена, а остатокот од апликацијата за недопуштена.

ПРЕСУДА: ДОНЧЕВ И БУРГОВ v. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

(М.В)