/ Прочитано:

1.366

Пресуда на Европскиот суд за човекови права: Миладинови биле држени во притвор неосновано

Петок, 25 април 2014 – Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди: Државата треба да им плати поединечно по три илјади евра отштета и 1.350 евра за судски трошоци на браќата Димитрија и Ѓорѓи Миладинови, како и на Димитрија Голабоски поради неосновано држење во притвор како обвинети во судскиот процес случајот „Изгрев“.

Според Судот, тројцата биле држени во притвор неосновано и дека во постапката пред апелацискиот суд не им било дозволено усно сослушување и еднаков третман како странки.  

Со првичната пресуда, која падна на Апелација, браќата Миладинови беа осудени на шест ипол години затворска казна за направен криминал и перење пари, а  Димитрија Голабоски на една година затвор.  

>> ПРЕСУДАТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА