/ Прочитано:

12.493

Пресуда во корист на граѓанка касната од куче скитник која за случајот ги тужеше локалните власти

Основниот суд во Кичево донесе пресуда со која Општината Кичево треба да и исплати паричен надомест на жителка на Кичево која ја тужела општината бидејќи била касната од куче скитник.

akademik foto 1

Тужителката, се вели во пресудата, додека била на работа во бутик лоциран на градскиот плоштад и додека чистела надвор пред објектот била нападната од куче скитник и касната во пределот на левата дланка при што и биле нанесени повреди. Од гризнувањето, се вели во пресудата, тужителката се здобила со телесни повреди во вид на угризна рана во пределот на левата дланка.

Ценејќи го наводите во тужбата против општината, Судот, во согласност со член 142 од ЗОО,  ја задолжува Општината Кичево да и исплати на тужителката 100.000.00 денари на име нематеријална штета за здобиени повреди. Судот, се вели во пресудата, водеше сметка за силината и траењето на повредата со која биле предизвикани физичките болки, душевните болки и стравот кај тужителката.

„Судот делумно го усвои тужбеното барање, а ова согласно чл. 189 ст. 1 од ЗОО, каде е предвидено во случај на повреда на личните права судот ако најде дека тежината на повредата и околностите на случајот го оправдуваат тоа ќе досуди справедлив паричен надоместок. Според ст. 2 од истиот член при одлучувањето за барањето за справедлив паричен надоместок судот водеше сметка за силината и траењето на повредата со која биле предизвикани физичките болки, душевните болки и стравот како и за целта за која служи надоместокот но и за тоа надоместокот да не е во спротивност со стремежите кои не се спојливи со неговата природа и општествена цел“, се вели во пресудата.

akad 7

Мината година Одделот за граѓански дела при Врховниот суд на Република Македонија донесе правно мислење во врска со надоместокот на штета причинета од каснување од куче скитник.

Кој е пасивно легитимиран во споровите за надомест на штета од гризнување на куче скитник, дали општината, Градот Скопје за штети причинети во Скопје или Комуналното претпријатие кое врши комунална дејност, или пак постои солидарна одговорност на сите овие субјекти за причинетата штета? – од Правното мислење на Врховсниот суд

Во правното мислење на Врховниот суд на Република Македонија расправал и донел правно мислење во врска со ова прашање се наведува:

Солидарно одговорни за надомест на штета причинета од каснување од куче скитник се општината, односно Градот Скопје и Јавното комунално претпријатие или друго правно лице, на кое со договор му е доверено собирањето на кучиња скитници и нерегистрираните кучиња.

„Поаѓајќи од фактот дека општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје имаат утврдена законска надлежност да вршат собирање на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња и привремено да  ги сместат во соодветни објекти – прифатилишта, како и од фактот дека уловување и ерадикцијата на животните скитници претставува комунална дејност, за која општината, општините во Градот Скопје и Градот Скопје може да основаат јавно претпријатие или вршењето на оваа дејност да го доверат на правно лице, следуваше да се донесе правното мислење, како што е погоре наведено. Оттука, прашањето за постоењето на солидарната одговорност на општината, односно Градот Скопје и Јавното комунално претпријатие, судовите ќе треба да го расчистуваат преку утврдување на фактот дали општината, односно Градот Скопје со договор ја пренел (доверил) надлежноста на собирањето на кучиња скитници и нерегистрираните кучиња“, се вели во образложението на Одделот за граѓански дела при Врховниот суд.

КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета

М.В