/ Прочитано:

5.259

Претседателот на АКРМ, Никола Додевски, нов претседател на Балканската регионална мрежа за владеење на правото

Нов претседател на Балканската регионална мрежа за владеење на правото од ноември 2017 година е Никола Додевски, претседателот на Адвокатската комора на РМ. Додевски, потсетувајќи на целите на Балканската регионална мрежа за владеење на правото (BRRLN), на состанокот на адвокатските комори од регионот го изрази своето задоволство од поддршката на Стејт департментот на САД, како и на Американската адвокатска комора, за препознавање на потребата за продолжување на проектот.

„Проектите кои досега беа имплементирани се покажаа како успешни, но во иднина се надевам на поголем успех. Мрежата беше воспоставена заради: подобрување на капацитетот на коморите преку унапредување на независноста на професијата,  подобрување на пристапот до правна помош и квалитетот на застапување во кривичните предмет и заштита на човековите права“, истакна Додевски.

Адвокатските комори од регионот одржаа состанок во Скопје: Со меѓусебна соработка до посилна адвокатура и владеење на правото  

М.В