/ Прочитано:

5.929

ПРИДОНЕСИ ЗА ДОГОВОР ЗА ДЕЛО, АВТОРСКИ ИЛИ ДРУГ ДОГОВОР: Автентични толкувања на одредби од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување

Собранието на Република Македонија даде две Автентични толкувања нa членови од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување со кои се појаснуваат одредени прашања за плаќањето на придонесите за лица кои остваруваат приходи од извршување на физичка и/или интелектуална работа врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор.

  • АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ  НА ЧЛЕНОТ 16 СТАВ (3) ОД ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ :

Членот 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 142/2008, 64/2009, 156/2009, 166/10, 53/11,185/11, 44/12, 15/13, 170/13, 97/14, 113/14, 180/14 и 188/14) гласи:

„(1) Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите е износот од шест просечни плати.

(2) При пресметка на највисоката месечна основица за тековната година се зема предвид просечната плата по работник во Република Македонија објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.

(3) Највисоката месечна основица ги вклучува сите примања на обврзникот за плаќање на придонеси од работен однос остварени во тековниот месец и примања по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа.

(4) На износот повисок од највисоката месечна основица не се пресметуваат и уплатуваат придонеси.

(5) Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонеси за тековната година за лице корисник на паричен надоместок за време на привремена невработеност изнесува 80% од просечната плата по работник во Република Македонија објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.“

Одредбата од ставот (3) на членот 16 треба да се толкува така што највисоката месечна основица од шест просечни плати за пресметување и уплата на придонесите, се однесува одделно за примањата на обврзникот за плаќање на придонеси од работен однос остварени во тековниот месец и одделно за примањата од извршување физичка и/или интелектуална работа врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа.

 

  • АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ  НA ЧЛЕНОТ 7 СТАВ (1) ТОЧКА 13) И СТАВ (4), ЧЛЕНОТ 10 СТАВ (1) ТОЧКА 16) И СТАВ (2) И НА ЧЛЕНОТ 14 СТАВ (1) ТОЧКА 15) ОД ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ: 

Одредбата од членот 7 став (1) точка 13) од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 142/2008, 64/2009, 156/2009, 166/10, 53/11,185/11, 44/12, 15/13, 170/13, 97/14, 113/14, 180/14 и 188/14) гласи:

„(1) Обврзник за плаќање на придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување е: „13) лица кои остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон, освен корисници на пензија според прописите на пензиското и инвалидското осигурување.“

Одредбата на членот 7 став (1) точка 13) треба да се толкува така што под обврзници за плаќање на придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување се сметаат лицата кои остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор во било која форма со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон, освен корисници на пензија според прописите на пензиското и инвалидското осигурување. Обврзници за плаќање придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување се сметаат и лицата кои остваруваат надоместоци односно примања остварени по други основи, а кои произлегуваат од извршување на одредена работа, како што се примања на членови на органи на управување и надзор во трговски друштва, органи на управување и надзор на државни и јавни институции и установи (агенции, дирекции, фондови, регулаторни тела, јавни претпријатија, институти, заводи и сл.), примања кои произлегуваат од извршување на функција од страна на именувани или избрани лица, како и примања од членување во други органи, совети, комисии, комитети, тела и слично кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон.

Одредбата од членот 7 став (4) од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 142/2008, 64/2009, 156/2009, 166/10, 53/11,185/11, 44/12, 15/13, 170/13, 97/14, 113/14, 180/14 и 188/14) гласи:

„(4) Ако лицата од ставот (1), точка 13) од овој член остваруваат приходи од повеќе договори ќе станат обврзници за плаќање на придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување кога збирниот нето износ на приходите по тие договори ќе го надмине износот на минималната плата утврдена со закон.“

Одредбата од ставот (4) на членот 7 треба да се толкува така што лицата од ставот (1) точка 13) ќе станат обврзници за плаќање придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување кога збирниот нето износ на приходите од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор во било која форма и приходите од надоместоците односно примањата остварени по други основи, а кои произлегуваат од извршување на одредена работа, како што се примања на членови на органи на управување и надзор во трговски друштва, органи на управување и надзор на државни и јавни институции и установи (агенции, дирекции, фондови, регулаторни тела, јавни претпријатија, институти, заводи и сл.), примања кои произлегуваат од извршување на функција од страна на именувани или избрани лица, како и примања од членување во други органи, совети, комисии, комитети, тела и слично, ќе го надмине износот на минималната плата утврдена со закон.

Одредбата од членот 10 став (1) точка 16) од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 142/2008, 64/2009, 156/2009, 166/10, 53/11,185/11, 44/12, 15/13, 170/13, 97/14, 113/14, 180/14 и 188/14) гласи:

„(1) Обврзник за плаќање на придонес за задолжително здравствено осигурување е: „16) лица кои остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон, освен корисници на пензија според прописите на пензиското и инвалидското осигурување.“

Одредбата од членот 10 став (1) точка 16) треба да се толкува така што под обврзници за плаќање придонес за задолжително здравствено осигурување се сметаат лицата кои остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор во било која форма со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон, освен корисници на пензија според прописите на пензиското и инвалидското осигурување. Обврзници за плаќање придонес за задолжително здравствено осигурување се сметаат и лицата кои остваруваат надоместоци односно примања остварени по други основи, а кои произлегуваат од извршување на одредена работа, како што се примања на членови на органи на управување и надзор во трговски друштва, органи на управување и надзор на државни и јавни институции и установи (агенции, дирекции, фондови, регулаторни тела, јавни претпријатија, институти, заводи и сл.), примања кои произлегуваат од извршување на функција од страна на именувани или избрани лица, како и примања од членување во други органи, совети, комисии, комитети, тела и слично кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон.

Одредбата од членот 10 став (2) од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 142/2008, 64/2009, 156/2009, 166/10, 53/11,185/11, 44/12, 15/13, 170/13, 97/14, 113/14, 180/14 и 188/14) гласи:

„(2) Ако лицата од ставот (1) точка 16) од овој член остваруваат приходи од повеќе договори ќе станат обврзници за плаќање на придонес за задолжително здравствено осигурување кога збирниот нето износ на приходите по тие договори ќе го надмине износот на минималната плата утврдена со закон.“

Одредбата од ставот (2) на членот 10 треба да се толкува така што лицата од ставот (1) точка 16) ќе станат обврзници за плаќање придонес за задолжително здравствено осигурување кога збирниот нето износ на приходите од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор во било која форма и приходите од надоместоците односно примањата остварени по други основи, а кои произлегуваат од извршување на одредена работа, како што се примања на членови на органи на управување и надзор во трговски друштва, органи на управување и надзор на државни и јавни институции и установи (агенции, дирекции, фондови, регулаторни тела, јавни претпријатија, институти, заводи и сл.), примања кои произлегуваат од извршување на функција од страна на именувани или избрани лица, како и примања од членување во други органи, совети, комисии, комитети, тела и слично, ќе го надмине износот на минималната плата утврдена со закон.

Одредбата од членот 14 став (1) точка 15) од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 142/2008, 64/2009, 156/2009, 166/10, 53/11,185/11, 44/12, 15/13, 170/13, 97/14, 113/14, 180/14 и 188/14) гласи:

„(1) Основица за пресметка и плаќање на придонеси е: „15) бруто надоместок утврден во договор за дело, авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршена работа за лице кое остварува приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа.“

Одредбата од членот 14 став (1) точка 15) треба да се толкува така што како основица за пресметка и плаќање придонеси се смета бруто надоместокот утврден во договор за дело, авторски договор или друг договор во било која форма со кој е определен надоместок за извршена работа за лице кое остварува приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа. Основица за пресметка и плаќање придонеси се смета и бруто надоместокот остварен по други основи, а кои произлегуваат од извршување на одредена работа, како што се примања на членови на органи на управување и надзор во трговски друштва, органи на управување и надзор на државни и јавни институции и установи (агенции, дирекции, фондови, регулаторни тела, јавни претпријатија, институти, заводи и сл.), примања кои произлегуваат од извршување на функција од страна на именувани или избрани лица, како и примања од членување во други органи, совети, комисии, комитети, тела и слично.

М.В / veljanoskim@akademik.mk 28.1.2015