/ Прочитано:

716

Продолжува амандманската расправа за медиумските закони

Четврток, 22 август 2013 – На Комисијата за транспорт, врски и екологија во Собранието на РМ денеска продолжува амандманската расправа за Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Вчера, пратениците расправаа по амандманите повеќе од 13 часови. За два дена поминати се 63 амандмани од вкупно предложените 94 амандмани. 

Трет ден пратениците расправаат за медиумските закони. На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во последните два дена поминати се 63 амандмани, од вкупно 94 поднесени за овој Закон, од кои прифатени се само 20. За Предлог-законот за медиуми и за Предлог-законот за аудиовизуелните медиумски услуги се поднесени околу 130 амандмани, повеќето од опозицијата. Денеска е последен ден од предвидените три, според Деловникот за работа на Собранието за комисиско изјаснување по амандманите.