/ Прочитано:

1.207

ПРОФ. Д-Р МАРК ВИЛИГЕР: Судската практика на ЕСЧП за постапувањето со осудени лица и на условите во казнено-поправните установи

Судот во Стразбур создаде релативно богата судска практика во однос прашањето во однос на постапувањето со осудени лица и на условите во казненопоправните установи, вели проф. д-р Марк Е. Вилигер, поранешен судија и претседател на секција во Европскиот суд за човекови права.

Професорот Вилигер образложува дека судската практика во однос на постапувањето со осудени лица и на условите во казненопоправните установи, главно, се заснова врз разбирањето на Судот на член 3 од Конвенцијата.

 „Судската практика во однос прашањето во однос на постапувањето со осудени лица и на условите во казненопоправните установи, главно, се заснова врз разбирањето на Судот на член 3 од Конвенцијата. во кој тој, всушност, гледа три различни вида третман. Првиот вид е третманот што може да биде непријатен или со кој може да не се согласуваме, но тој, сепак, сè уште не ја достигнува долната граница на нечовечко и на понижувачко постапување. Вториот вид третман е третманот што точно ја достигнува оваа граница и, според тоа, со оглед дека е нечовечки и понижувачки, претставува кршење на Конвенцијата. Третиот вид третман е третманот што ја надминува втората граница и толку е суров што претставува измачување и, според тоа, дури и повеќе го крши член 3 од Конвенцијата“, посочува професорот.

Тој истакнува дека судската практика на Судот во однос на постапувањето со осудени лица се однесува, во целина, само на тоа дали третманот е непријатен.

„Судската практика на Судот во однос на постапувањето со осудени лица се однесува, во целина, само на тоа дали третманот е непријатен, но не поставува прашања според член 3 – односно дали тоа ја достигнува првата граница и е еднакво на нечовечко и понижувачко однесување спротивно на член 3 од Конвенцијата. Прво, неколку општи прашања во врска со лишувањето од слобода.

Лишувањето од слобода, само по себе, не претставува прашање според член 3 од Конвенцијата. Исто така, оваа одредба не предвидува општа обврска за ослободување на задржано лице врз основа на неговата здравствена состојба или негово сместување во цивилна болница за да му се овозможи да добие специфичен медицински третман.

Меѓутоа, кога лицата се во надлежност на државата, таа има должност да води грижа. Особено државата мора да обезбеди на лицето што е лишено од слобода да му се обезбедат услови што се еднакви на почитување на неговото човеково достоинство; начинот и методот на извршување на мерката да не го изложуваат лицето на болка или на тешкотија со таков интензитет што го надминува неизбежното ниво на страдање карактеристично за затвор; и, со оглед на практичните барања на затворањето, неговото здравје и благосостојбата да бидат соодветно обезбедени…“, истакнува  професорот Вилигер, чија анализа за судската практика на ЕСЧП за постапувањето со осудени лица и на условите во казнено-поправните установи беше дел од излагањата на тркалезна маса на тема „Јакнење на координацијата помеѓу телата за внатрешен и надворешен инспекциски надзор над работата на затворите“.

>>>Целосен текст на анализата на проф. д-р Марк Вилигер 

veljanoskim@akademik.mk

14.10.2015