/ Прочитано:

1.095

ПРОФЕСОРСКИ ПЛЕНУМ: Јавен повик до ректорот Стојковски да го демантира МОН

Среда, 14 јануари 2014 – Професорскиот пленум упати јавно барање до ректорот на УКИМ, проф. д-р. Велимир Стојковски да го демантира Министерството за образование и наука (МОН) дека Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ предложил, а МОН го прифатил предлогот за спроведување на пилот-проект за државен испит на само еден ден пред гласањето на законските измени во Собранието на РМ.

„Според соопштението, Ректорската управа на УКИМ одржала вонредна седница на 13 јануари и заклучила дека нејзиното барање упатено до ресорното министерство да се заложи кај овластените предлагачи „да се повлечат предложените законски решенија од собраниска процедура заради потребата од поопсежна дебата и согледување на сите аспекти од предложените измени“ не биле прифатени.

УКИМ во своето соопштение објавено на универзитетската веб-страница укажува дека на вонредната седница донел одлука со која уште еднаш „се укажува дека за вакви суштински промени во високото образование се потребни продлабочени анализи…и детектирање на реалните проблеми“. Исто така, Ректорската управа му предложила на Собранието на РМ „да интервенира во предложените законски решенија, односно да пристапи кон одредени предлог-решенија за подобрување на квалитетот на високото образование по спроведување на темелни анализи и пилот-проекти“.

Тргнувајќи од јавно објавеното соопштение на Ректорската управа на УКИМ, во кое никаде не е споменато дека Универзитетот предлага пилот-проект за државниот испит, Професорскиот пленум бара од Ректорот Стојковски јавно да го демантира Министерството за образование и наука“, се вели во соопштението на Професорскиот пленум.

>> РЕКТОРСКАТА УПРАВА НА УКИМ: Темелни анализи и пилот-проекти пред суштински промени во високото образование