/ Прочитано:

1.698

„Прогласена“ Република Илирида – правната основа ја црпиме од Уставот на САД, вели „шефот“ на државата

Четврток, 18 септември 2014 – Пред споменикот на Скендер Бег во Скопје поранешниот пратеник во македонското собрание Невзат Халили ја прогласи новата Република Илирида. Тој бара Македонија да функционира како држава со две еднакви републики, како што тоа е примерот со поранешната федерација меѓу Србија и Црна Гора.

Пред чинот на прогласувањето на Република Илирида, десетици собрани граѓани се потпишуваа на барањето за собирање на потписи, кои ќе бидат доставени до Собранието на Република Македонија.

„Пред неколку години, двајца пратеници од ДУИ излегоа со јавна изјава дека ја поддржуваат Република Илирида. За кратко време нивните изјави исчезнаа, бидејќи нивните патрони им наредија дека не смеат да го повторат тоа. Во 2012-та година ние објавивме Декларација за самопределување на Албанците во постојните граници внатре, а внатрешната граница ќе биде поставена со меѓународен договор и бараме македонските претставници и меѓународните фактори да седнат на маса со Албанците веднаш, тоа не е на штета на никој“, изјави Халими.

Самопрогласениот „шеф“ на државата рече дека одлуката да се прогласи т.н. Илирида е донесена врз основа на Уставот на САД во кој пишувало дека секој човек има право на самоопределување.

Иницијаторот најави собирање потписи за распишување референдум на кој граѓаните требало да се изјаснат за формирање на Република Илирида, а не го признаваат Рамковниот договор.

Халили рече дека побарал и средба со премиерот Никола Груевски, а доколку премиерот не го прифати барањето, вели Халими, тие повторно ќе побараат распишување на референдум и дефинирање на границите.