/ Прочитано:

796

Промовиран Системот за микроучење во Центарот за обука при МВР

Среда, 21 јануари 2015 – Министрите за информатичко општество и администрација и за внатрешни работи, Иво Ивановски и Гордана Јанкулоска,  во Центарот за обуки при МВР во Идризово денес го промовираа Системот за микроучење, како напредна алатка за вработените во јавната државна служба.

„Располагаме со 24 курсеви, за кои информацијата е редовно достапна на веб локацијата на нашето министерство. После спроведената евалуација минатата година, креиравме нови курсеви за повеќе генерички теми, меѓу кои: Антикорупциски мерки и етика во државната служба, Закон за електронско управување, Закон за јавни набавки, Управување со човечки ресурси, Закон за општа управна постапка во делот на прибирање и размена на документи, Закон за административни службеници, Закон за вработени во јавен сектор, Закон за електронски комуникации и други“, рече министерот Ивановски.

Тој напомена дека искористеноста на микроучењето во институциите достигна 44 %,  што претставува висок процент со оглед на фактот што системот е воведен краток временски период.

„Најактивни институции се Министерството за одбрана, Општина Охрид, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и Центарот за управување со кризи“, додаде Ивановски.

Со цел да се интегрира Системот за микроучење во целокупниот систем за обука, Министерството ја пропиша неговата употреба во новите подзаконски акти што произлегуваат од Законот за административни службеници, а ја регулираат областа на обуката на административните службеници, односно во Правилникот за начинот на спроведување на обуки во училница и преку електронскиот систем за управување со обуки.

На денешната промоција на Системот за микроучење во Центарот за обука при МВР, се обрати и амбасадорот на ОБСЕ во Република Македонија, Ралф Брет.