/ Прочитано:

2.914

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец април 2017 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец април 2017 година, заедно со целосниот табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

На 7 април стапуваат одредби од Законот за Народниот правобранител кои се однесуваат на дефинирањето на надлежностите на Народниот правобранител како орган на Република Македонија кој ги промовира и штити уставните и законските права на граѓаните.

Исто така, одредбите од Законот за Народниот правобранител кои стапуваат во примена се однесуваат и на изборот на народниот правобранител и на замениците на народниот правобранител, како на мислењата кои ги дава народниот правобранител и неговите надлежности во врска со националниот превентивен механизам.

На 8 април стапуваат во примена одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои се однесуваат на услови за стекнување право на управување со возило и издавање возачки дозволи за управување со моторни и приклучни возила кои се распоредени во категории.

На 11 април стапуваат во примена одредби од Законот за сигурност во железничкиот систем кои се однесуваат на субјектот задолжен за одржување на железничките возила  и одржувањето на возилата.

На 22 април, исто така, стапуваат во примена одредби од Законот за Народниот правобранител во врска со покренување на постапка од страна на Народниот правобранител и барање до Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на Република Македонија.

На 8 април престанува да важи Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На 1 април стапува во примена Правилникот за општи правила за пристап и користење на затворената телекомуникациска мрежа на МАРнет и телекомуникациски услуги.

На први април стапуваат во примена одредби од Одлуката за единствената тарифа на надоместоците за услугите што ги врши Народната банка на Република Македонија

На 4 април стапуваат во примена одредби од Правилникот за начинот и мерките на управување со водите за капење, техничките критериуми и целите на квалитетот на водата за капење, како и начинот и постапката за информирање на јавноста за резултатите од мониторингот на водата за капење.

На 1 и 8 април стапуваат во примена одредби од Правилникот за поблиските критериуми, начинот на работа на автошколите, наставниот план и програма за обука, стручниот кадар, опремата со која треба да располагаат, како и евиденциите што треба да ги водат автошколите за оспособување на кандидати за возачи.

На 8 април стапува во примена Правилникот за пробните тестови и тестови за полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит, а на 8 април стапуваат во примена одредби од Правилникот за формата и содржината на образецот на возачка дозвола и возачка книшка, начинот на нивното издавање и заменување и начинот на водење на евиденциите за издадени возачки дозволи и возачки книшки во Министерството за внатрешни работи…Целосен табеларен преглед на прописите чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат  во месец април 2017