/Прочитано:

938

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јули 2017 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јули 2017 година, заедно со целосниот табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

На први јули стапува во примена Законот за заштита на приватноста.

Исто така, од 1 јули 2017 година од Законот за банките стапуваат во примена одредбите од повеќе подзаконски акти: Одлука за методологијата за управување со ризикот на задолженост, Упатство за спроведување на Одлука за методологијата за управување со ризикот на задолженост и Одлука за методологијата за утврдување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложености во Република Македонија.

На 1 јули 2017 година, од Законот за енергетика стапуваат во примена одредби од следниве подзаконски акти: Правилник за изменување на Правилникот за информациски систем за следење и управување со потрошувачката на енергија кај лицата од јавниот сектор (член 8, став 3) и Правила за изменување и дополнување на правилата за пазар на електрична енергија (членови 22 и 23).

Подзаконски акт од Законот за енергетика чиишто одредби престануваат да важат од 1 јули 2017 се однесува на Правилата за изменување и дополнување на правилата за пазар на електрична енергија (Прилог 1: Методологија за пресметка на надоместокот за услугите за урамнотежување од правилата).

Целосен табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат