/ Прочитано:

2.182

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јуни 2017 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јуни 2017 година, заедно со целосниот табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

На први јуни стапуваат во примена одредби од Законот за спортот и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои се однесуваат на начинот и постапката за издавање на меѓународна возачка дозвола и одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство.

На 1 јуни стапуваат во примена: Одлука за висината на задршката за Солидарен фонд – посмртна помош, членарина и висината на исплатата на посмртната помош и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на фитосанитарниот сертификат или фитосанитарниот сертификат за реекспорт и формата и содржината на пријавата за издавање на фитосанитарен сертификат.

На 1 јуни стапуваат во примена одредби од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот.

На 1 јуни престануваат да важат: Одлуката за зголемување на задршка од пензијата за членарина и Правилникот за видот, содржината, формата, начинот на водењето и чувањето на актите, уписниците, книгите и имениците на нотарот, начинот на примање и чување на нотарските исправи и предметите од вредност и нивното издавање и преземање, како и преземање на други формални дејствија.

 Целосен табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат. 2017