/Прочитано:

699

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец ноември 2017 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чии одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец ноември 2017 година, заедно со целосниот табеларен преглед на одредбите од прописите што стапуваат во примена или престануваат да важат.

На 30 ноември стапуваат во примена одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои се однесуваат на условите за основање и работа на автошколите.

На 13 ноември престануваат да важат одредбите од Законот за вештачење во врска со Собранието на Комората на вештаци.

На 1 ноември стапуваат во примена Правилникот за посебните услови за проектирање, градба и измена на воздухоплов, мотор, елиса и опрема на воздухоплов, техничка контрола на градбата и изработка на техничко-технолошка документација, технички услови за пловидбеност, испитување за оцена на сообразност, начинот и постапката за утврдување на пловидбеност, како и формата, содржината, евиденцијата и начинот на издавање, продолжување, обновување и промена на уверенијата за градба, за тип, пловидбеност, бучава и емисија на гасови  и Правилникот за начинот на одржување и техничка контрола на одржувањето на воздухоплов, мотор, елиса, падобран и опрема на воздухоплов, изработка на техничко-технолошка документација за одржувањето и посебните услови во однос на потребниот персонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење, како и формата, содржината, евиденцијата и начинот на издавање, продолжување, обновување и промена на уверението  за исполнување на условите за одржување на воздухоплови.

На 30 ноември стапува во примена Правилникот  за начинот на спроведување на возачките испити и поблиските критериуми во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на испитните центри и водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити, како и начинот на издавање и одземање на лиценцата за испитен центар, формата и содржината на образецот на лиценцата за испитен центар.

На 1 ноември престанува да важи Правилникот за посебните услови за проектирање и градба на воздухоплов и измена на воздухоплов, мотор, елиса и опрема на воздухоплов, техничка контрола на градбата и изработка на техничко-технолошка документација, испитување за оцена на сообразност и начинот и постапката за утврдување на пловидбеност, како и формата, содржината, евиденцијата и начинот на издавање, продолжување, обновување и промена на уверенијата за градба, за тип, пловидбеност, бучава и емисија на гасови… Целосна листа на прописи чиишто одредби започнуваат да се применуваат или престануваат да важат во месец ноември.