/ Прочитано:

1.250

Просветниот инспекторат ја поништи одлуката за професорите во Штип

Вторник, 15 јули 2014 – Државниот просветен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор на Економскиот факултет при универзитет ,,Гоце Делчев” – Штип, по објавен конкурс за избор во звања во следните наставно научни области: финансии, сметководство и менаџмент. 

Од инспекцискиот надзор констатирани се неправилности во делот на критериуми при избор.

Државниот просветен инспекторат донесе решение за повторување на постапката за избор во звања, која треба да биде согласно Законот за високо образование, статут и правилник за работа на Универзитетот ,,Гоце Делчев” – Штип.

Вчера и Народниот правобранител потврди дека отворил предмет за тројцата штипски професори  Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски, кои веќе неколку дена штрајкуваат со глад на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“.

Случајот со професорите предизвика бурни реакции во академската заедница, а поддршка за професорите следеше и од СОНК.