/ Прочитано:

1.163

Протест пред МПЦ: Не си поигрувајте со верниците, трпението е при крај!

Вторник, 14 јануари 2014 – Жители на скопската општина Сопиште протестираа денеска пред седиштето на скопската епархија, незадоволни затоа што, како што велат, без нивно знаење епархијата и продала црковно земјиште на фабриката „Титан Цементарница“.

Тие бараат средба со првите луѓе на епархијата за да се испочитува она што било претходно договорено, односно од парите добиени за денационализација на тоа место да се изгради нова црква во општината.

Во спротивно, жителите бараат Македонската православна црква – Охридска архиепископија од парите од продажбата на црковното земјиште во Сопиште дел да задржи за себе, а дел да ги уплати на сметката на црковниот одбор „Света Мина“ во Сопиште.

Скопската „Цементарница“ е дел од грчката групација„Титан“.