/ Прочитано:

1.168

Протести во Тунис поради амнестирање на корумпирани бизнисмени

Владини претставници изјавуваат дека амнестијата ќе придонесе парите од бизнисмените да се влеат во економијата на државата, но на протестите, како што пренесува „Ал џезеира“,  граѓаните размислуваат поинаку – преку транспаренти на кои пишува „Не за простување“ и „Стоп за корупцијата“.  Тие не сакаат да го прифатат фактот дека на овој начин корупцијата ќе биде буквално занемарена од страна на политичарите.

Повеќе од 2000 луѓе минатата недела протестираа во главниот град Тунис, против предложениот закон за амнестија со кој се предлага амнестирање на бизнисмени кои се обвинети за корупција.

Демонстрирајќи против предложениот закон, учесниците тврдат дека доколку се усвои, тој ќе се спротивстави на духот на туниското општество од револуцијата во 2011 година, која започна кога трговецот Мухамед Буазизи се замозапали како израз на протест за конфискувањето на неговата стока. Протестите тогаш добија политички карактер, со една единствена цел: соборување на претседателот Зин ал Абидин бен Али.

Владини претставници изјавуваат дека амнестијата ќе придонесе парите од бизнисмените да се влеат во економијата на државата, но на протестите, како што пренесува „Ал џезеира“,  граѓаните размислуваат поинаку – преку транспаренти на кои пишува „Не за простување“ и „Стоп за корупцијата“.  Тие не сакаат да го прифатат фактот дека на овој начин корупцијата ќе биде буквално занемарена од страна на политичарите.

Сабра Чрифа, учесничка во протестите, за агенцијата „Ројтерс“ изјави дека дел од бранителите од револуцијата во 2011 се сè уште тука и дека во никој случај нема да дозволат простување кога се работи за корупцијата.

Протестите против предлог-законот не се единствените во Тунис. Во јужниот дел на државата се одржуваат протести за правата на работниците и за работните места. Тие се случуваат во време кога премиерот Јусуф Чадид се бори да ги примени мерките за штедење и да ги спроведе реформите за јавната потрошувачка, за да го помогне економскиот раст.

И покрај демократскиот напредок на Тунис, одржувањето слободни избори и новиот Устав од 26 јануари 2014 година, државата сè уште се соочува со социјални немири и голема невработеност на младите.

С. М.