/ Прочитано:

5.523

Прв деловен речник во форма на мобилна апликација

Излезе првиот деловен речник (мк-анг и обратно) во форма на мобилна апликација, кој од јули 2016 година е достапен на AppStore (за IOS) и GooglePlay (за Android).

Креатор на првиот деловен речник е Анета Наумоска, лингвист, преведувач, лектор и професор по англиски јазик. Овој двојазичен речник (англиско-македонски, македонско-англиски) е прв од овој вид во форма на мобилна апликација.

Едноставноста на интерфејсот и функционалностите, вели Наумоска, како и привлечноста на дизајнот го прават незаменлива алатка не само за преведувачите туку и за студентите и за секој човек од деловната сфера на работа. Бара пристап на интернет.

Речникот има над 11 000 речнички единици, вклучувајќи: колокации, фрази, национални и меѓународни институции и асоцијации (и нивните акроними), како и валути. Опфатени се повеќе полиња: банкарство, инвестиции, маркетинг, осигурување, продажба, ревизија, сметководство, статистика, трговија, управување, финансии и човечки ресурси, како и правна терминологија.

Овој  речник постојано се зголемува со дополнителни единици. Неговиот креатор е вклучен во практичната примена на терминологијата, преку преведување, како и во образовниот процес, преку предавање на предметот деловен англиски јазик на универзитетско ниво.

M.В