/ Прочитано:

1.989

ПРВА ШКОЛА ЗА МЛАДИ КРИВИЧАРИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЛАДИ КРИВИЧАРИ: „Реформата на материјалното казнено право – контекстуални аспекти“

Здружението на млади кривичари на Република Македонија ќе ја организира првата Школа за млади кривичари на тема: „Реформата на материјалното казнено право – контекстуални аспекти“.

foto akademik

Здружението на млади кривичари на Република Македонија, во рамките на предвидените активности, на 24.9.2016 година во Охрид, ќе ја организира првата Школа за млади кривичари, на тема: „Реформата на материјалното казнено право – контекстуални аспекти“.

На Школата свое учество ќе земат еминентни професори и експерти од областа на казненото право во Република Македонија, кои ќе дискутираат за предизвиците и реформите на казненото право.

Програмата е намената за млади луѓе со завршени магистерски студии по казнено право или тековни студенти на магистерски студии по казнено право.

Школата за млади кривичари овозможува понатамошен развој и културна соработка на сегашни и поранешни студенти на магистерски студии од областа на казненото право и обука во важни и клучни институти и други законски решенија што претставуваат новина и напредок во реформирањето на материјалното казнено право преку размена на искуства и вештини.

Цели и задачи

Дискусијата ќе придонесе за понатамошен развој и културна соработка на сегашни и поранешни студенти на магистерски студии од областа на кривичното право, како и креирање на политики и препораки за понатамошно јакнење на материјалното казнено право.

Школата за млади кривичари  ги има следните цели:

  1. Истражување на реформата на материјалното казнено право преку интеркултурна неформална дискусија.
  2. Разгледување и дискусија на сегашните практики и законски решенија од реформата на македонското материјално казнено законодавство.
  3. Разгледување и дискусија на нови практики и решенија на материјалното казнено право во светски казнени законодавства.
  4. Дискусија и изготвување на препораки.

Повик за учесници

На Школата предвидено е да земат активно учество 30 учесници:

а) поранешни и сегашни студенти на магистерски студии по казнено право;

б) млади претставници од невладини организации ангажирани во работата за унапредување на казненото право.

Сите трошоци на избраните учесници ќе бидат покриени.

 Услови за учество:

Учесниците потребно е да:

– бидат поранешни студенти на магистерски студии по казнено право или сегашни студенти на магистерски студии по казнено право;

– да имаат добро разбирање за прашањата од областа на материјалното казнено право.

Работното искуство во областа на казненото право ќе се смета за предност.

Потребни документи за апликација:

– биографија (CV);

– пополнет апликационен формулар;

– кратко мотивационо писмо (до 1 страница).

Документите за апликација треба да се испратат најдоцна до 15.9.2016 година на young.penalists@gmail.com . Со особена благодарност ќе бидат разгледувани апликациите кои ќе бидат испратени пред предвидениот краен рок.

M.В