/ Прочитано:

2.370

Првиот штрајк во историјата

Ова се првите историски белешки за штрајк кој бил успешно организиран и при кој работниците успешно ги оствариле своите работнички права, а згора на тоа Размес Трети бил принуден да вработи и дополнителни работници кои ќе им ја испорачуваат храната на работниците што ги граделе некрополите во конкретниот случај.

Египет

Првиот штрајк на работници бил организиран во 12 век пр. н. е. во Египет. Податоците за штрајкот и неговото организирање биле зачувани на папирус откриен во Египет, кој иако бил некомплетен и оштетен, сепак се смета за најстариот пишан извор дека штрајкот постоел и дека бил спроведен за време на владеењето на фараонот Рамзес Трети.

За време на неговото 29-годишно владеење, на работниците им било наредувано да градат некрополи за него, во сурови услови, без да добиваат доволно храна при работата.

Иако постојат докази дека во тоа време постоеле доволно ресурси за храна, сепак не јасно зошто работниците не ја добивале редовно и во потребното количество. Меѓутоа, исто така, е познато дека недостигот од храна бил поради тоа што фараонот ја корумпирал владејачката класа. Иако обичајот во тоа време бил на почетокот на секој месец редовно да се распределува храната кај народот, Размес Трети во своето владеење не го почитувал тој обичај и храната ја распределувал во 23-от ден од месецот. Тогаш еден работник по име Аменакт им се пожалил на локалните власти за недостигот од храна и за тоа дека секој месец нејзината испорака доцни сè повеќе денови.

Во седмиот месец од таа година, работниците веќе не можеле да го издржат тоа мачење и денот кога почнале со штрајкот, ги положиле своите орудија на земја и почнале да маршираат околу некрополата што ја граделе. Според записите, работникот Аменакт кажал дека кога виделе нивните надзорници што прават работниците, не им било јасно што се случува бидејќи претходно немале видено слична ситуација. Работниците од градилиштето се упатиле кон седиштето на локалните власти со барање да им бидат исплатени храната и оброците. Наредниот ден тие се упатиле кон храмот на Рамзес  Втори и оствариле средба со везирот (официјално лице за комуникација со фараонот) кој сепак се согласил да му ги пренесе барањата на работниците директно на фараонот.

Работниците задоволни од средбата се вратиле на градилиштето на некрополата и за неколку дена биле исполнети нивните барања.

Ова се првите историски белешки за штрајк кој бил успешно организиран и при кој работниците успешно ги оствариле своите работнички права, а згора на тоа Размес Трети бил принуден да вработи и дополнителни работници кои ќе им ја испорачуваат храната на работниците што ги граделе некрополите во конкретниот случај.