/ Прочитано:

1.113

Путин: Сакаат да ја распарчат Русија како што ја распарчија СФРЈ!

Четврток, 17 април 2014Според рускиот претседател Владимир Путин одредени сили сакаат да ја расцепкаат Русија, како што е примерот СФРЈ, известуваат руските медиуми.

„Се обидуваат да не расцепкаат. Погледнете што направија со Југославија. Расцепкаа на делови и сега манипулираат со се што можат, таму може да се манипулира практично со сè“ рекол Путин, одговарајќи на прашања на денешната сесија на прашања и одговори со руските граѓани.

Тој ги отфрлил како бесмислени сите наводи за воена вмешаност на Русија во источниот дел на Украина, а изјавил и дека почетокот на преговорите за Украина во Женева е многу важен, за заеднички да се размисли за излез од сегашната ситуација, посочувајќи дека со вековите е предмет на меѓународна политика конфликтот помеѓу Русија и Украина, поделбата, расцепкувањето на еден народ-истакна рускиот претседател.