/ Прочитано:

1.590

Работен состaнок на Арнаудовска со експертот на ЕУ, Лалева: Имплементација на европското право преку едукација на судиите и обвинителите

Понеделник, 17 февруари 2014 – Унапредување на знаењата на судиите и обвинителите е целта на работниот состанок меѓу директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска и експертот за подготовка на програмите на ЕУ за поддршка на правосудството во Република Македонија Пепа Лалева.

Во рамки на состанокот, двете страни ги разгледаа можностите за реализација на низа активности со кои ќе се обезбеди унапредување на знаењата и вештините на судиите и јавните обвинители, како и нивна подготовка за имплементација на правото на ЕУ преку едукација на која од големо значење ќе биде размената на искуства со искусни правни практичари и експерти од земјите на Европската Унија.

„Хармонизацијата на националното законодавство со легислативата на ЕУ е важен реформски процес за Република Македонија и еден од клучните приоритети за влез на Република Македонија во европското семејство, оттука, можностите за надградување на постоечките знаења на правните практичари во земјата, но и размената на искуства ќе придонесат за поголема ефикасност во имплементирање и спроведување на меѓународните стандарди, а со тоа ќе се унапреди и целокупниот правосуден систем на Република Македонија“, истакнуваат во соопштението од Академијата.