/ Прочитано:

1.856

Работилница на „Јустинијан Први“ за подигање на свесноста за заедничката соработка на Советот на Европа и ЕУ

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ се одржа работилница на тема „Подигање на свесноста за заедничката соработка на Советот на Европа и Европската Унија, во насока на зголемена усогласеност на одредени европски стандарди во избрани области“.

„Настанот беше организиран за студентите на повеќе факултети при УКИМ, а во коорганизација со Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Делегацијата на Европската Унија во Скопје и Центарот за податоци и информации на ЕУ, при Економскиот факултет во Скопје“, информираат од Правниот факултет „Јустинијан Први“.

На настанот со свои презентации и говори учествуваа:  Анабел Регал од Делегацијата на ЕУ во Скопје,  Моника Мартинез од Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, доц. д-р Даниела Мамучевска од ЕУИ Центар, доц. д-р Ирена Рајчиновска-Пандева  и  проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Маргарита Цаца Николовска од Институтот за човекови права.

М.В