/ Прочитано:

706

Работилница на тема „Управување со правни ризици“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“

На 3.10.2016 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе се одржи работилница на тема „Управување со правни ризици“.

slika

„Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје со задоволство ве повикува да учествувате на работилницата на тема „Управување со правни ризици“, која ќе се одржи во просториите на Факултетот, на ден 3.10.2016 година, во 12:30 часот.  Во рамките на работилницата свое предавање ќе има адвокатот Георги Димитров, партнер во адвокатското друштво „Георги Димитров адвокати“. Сите заинтересирани студенти од првиот и вториот циклус на Правни студии можат да го пријават своето учество на е-пошта: dokovski_v@hotmail.com, најдоцна до 30.9.2016 година. Ве молиме во пораката да го наведете вашето име и презиме, како и  годината на студии. Поради ограничениот број на места, изборот на учесници ќе се врши врз основа на редоследот на пријавување“, се вели во соопштението на Факултетот.

М.В