/ Прочитано:

811

Работилница на тема „Видео надзор во местата на задржување“

Петок, 10 мај 2013 – Народниот правобранител Иџет Мемети, директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Димитар Ѓорѓиевски и раководителот на одделот за правда и антикорупција во Делегацијата на ЕУ во Македонија, Манфредас Лимантас, денеска ќе ја отворат еднодневната работилница на тема „Видео надзор во местата на задржување“.

Работилницата е во организација на ЕУ Инструментот за техничка помош и размена на информации, а во соработка со Народниот правобранител и Дирекцијата за заштита на личните податоци.