/ Прочитано:

627

Работилница за судиите и обвинителите: „Превенција и заштита од дискриминација по основ на хендикеп – Meѓународни и национални аспекти“

Петок, 19 декември 2014 – Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Комисијата за заштита од дискриминација и „Полио плус“ – Движење против хендикеп денеска во Скопје организира работилница на тема „Превенција и заштита од дискриминација по основ на хендикеп – Meѓународни и национални аспекти“.

Работилницата е наменета за судии и јавни обвинители од сите апелациски подрачја.

Директорот на Академијата, Анета Арнаудовска, ќе ја отвори работилницата, а излагања ќе имаат и Душко Миновски, претседател на Комисијата за заштита од дискриминација и Елена Кочоска и Томислав Ортаковски, програмски директори во „Полио плус“ – Движење против хендикеп.