/ Прочитано:

2.812

Работните односи во фокусот на новата обука во организација на Академик

Судијата Санде Зиков од Апелациониот суд преку својата презентација најнапред ќе ги запознае учесниците со темата „Парични побарувања по сите основи од работен однос“. Во однос на оваа тема, Зиков ќе ги опфати клучните точки кои се однесуваат на прашањата поврзани со исплатата на плата, на надоместоци на плата и на надомест на штета, со посебен осврт на членот 112 од Законот за работните односи, кој се однесува на надоместокот на плата. Учесниците ќе бидат информирани и за надоместување на трошоците поврзани со работа.

Обука Академик ЗОУП

„Работни односи – исплата на плата, годишен одмор во нетипични ситуации, комуникација со работници за годишен одмор и право на додаток на плата“ е темата за која ќе се одржи обука на 27 декември со почеток во 10:00 часот, во најсовремениот едукативен центар во просториите на Академик.

Судијата Санде Зиков од Апелациониот суд преку својата презентација најнапред ќе ги запознае учесниците со темата „Парични побарувања по сите основи од работен однос“. Во однос на оваа тема, Зиков ќе ги опфати клучните точки кои се однесуваат на прашањата поврзани со исплатата на плата, на надоместоци на плата и на надомест на штета, со посебен осврт на членот 112 од Законот за работните односи, кој се однесува на надоместокот на плата. Учесниците ќе бидат информирани и за надоместување на трошоците поврзани со работа. Од презентацијата на судијата Зиков, учесниците на оваа обука ќе бидат запознаени со начинот за надомест на штета од работен однос и од незаконит престанок на работен однос. Оваа тема ќе го опфати и прашањето кое се однесува на исплата на плата и придонеси од плата за време на штрајк.

Во однос на втората тема „Работно време, паузи, годишен одмор во нетипични ситуации“, преку конкретни примери Зиков ќе се осврне на клучните точки кои се однесуваат на овие прашања, и тоа: при краткотрајни вработувања, при работа од дома, при промена на работодавач. Ќе говори за утврдување на правилата во колективен договор, за можноста за надомест наместо годишен одмор, за користење неплатено отсуство, како и за мирување на работниот однос на работник.

Во вториот дел од обуката, преку примери од судската пракса, Зиков ќе ги предочи случаите на престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда. Ќе стане збор и за додатокот за работен стаж, за разликата меѓу прекувремена работа и продолжена работа, како и за евиденцијата и за плаќањето на прекувремената работа.

Како и секогаш, и оваа обука во организација на Академик ќе има интерактивен карактер при што учесниците ќе можат да се интересираат и да добијат одговори на сите прашања поврзани со нивното секојдневно работење.

За сите детали во врска со обуката, можете да ни се обратите на е-пошта: practicum@akademik.com.mk, како и на телефонските броеви 02/3221-091 и 02/3232-821.

Во прилог погледнете ја агендата за обуката:

АГЕНДА РАБОТНИ ОДНОСИ фото