/ Прочитано:

2.721

Распишан оглас за избор на еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје

Кандидатите за избор на јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје како посебен услов потребно е да ја имаат завршено Академијата за судии и јавни обвинители.

javno-obvinitelstvo-skopje.jpg

Советот на јавни обвинители распиша оглас за избор на еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.

Сите кандидати за избор на јавни обвинители освен условите предвидени во чл. 44, 45 и чл. 46 од Законот за јавно обвинителство („Сл. весник на РМ“ бр. 150/07) и Законот за измени и дополнување на Законот за јавно обвинителство („Сл. весник на РМ“ бр 111/08), потребно е како посебен услов да исполнуваат:

Кандидатите за избор на јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје како посебен услов потребно е да ја имаат завршено Академијата за судии и јавни обвинители.

Заинтересираните кандидати пријавите заедно со потребната документација, во оригинал или заверена фотокопија на нотар, уверенијата за државјанство и лекарско уверение (да не се постари од шест месеци од денот на издавањето), диплома или уверение за завршен Правен факултет и потврда за положен правосуден испит во оригинал или заверено на нотар, Уверение за завршена Академија за судии и јавни обвинители да ги достават до Советот на јавните обвинители на Република Македонија на кеј Димитар Влахов бр.4, V спрат во рок од 15 дена од објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Приемот на документи е од 08:30 до 15:00 часот секој работен ден.

Некомплетните документи нема да се разгледуваат.