/ Прочитано:

1.534

Разграничување на претставките од иницијативите за вршење инспекциски надзор

Четврток, 30 јули 2015 – Владата предложи дополнување на Законот за постапување по претставките и предлозите. Дополнувањата на Законот се наоѓаат на прво читање во Собранието на Република Македонија.

Во Предлог-законот за дополнување на Законот за постапување по претставки и предлози се допрецизира дефиницијата на поимот претставка, односно предлог. Со тоа, како што се образложува во законските дополнувања, се врши разграничување на претставката од барањата и иницијативите на граѓаните за кои постои законски пропишана постапка.

„Со Законот за постапување по претставките и предлозите се уредува постапката по која ќе се постапува по сите претставки и предлози, кои се доставени до институции на јавниот сектор. При тоа во Законот е дадена дефиниција на тоа што е претставка и предлог и пропишана е целосната постапка со рокови за постапување по истите. Меѓутоа постојат определени поднесоци кои се доставуваат до институциите, како што се барањата за решавање за права и обврски и иницијативите за вршење на инспекциски надзор за кои постои посебна постапка во која се решава за истите“.

Во законското образложение се наведува дека дополнувањата се во функција на тоа веќе да не се врши, како што се вели, мешање на постапките.

„Со цел да не се врши мешање на овие различни постапки со предложените дополнувања се допрецизира дефиницијата на поимот претставка, односно предлог“, се посочува во законското образложение.