/ Прочитано:

1.217

Реакција на измените на Законот за социјална заштита: Законот е чуден, а измените се дискриминаторски

Четврток, 14 август 2014 – Реагираме на донесените измени на Законот за социјална заштита кои се донесени на чуден начин по скратена постапка без широка јавна дебата на 31.07.2014 година а по барање на нашите членови кои се корисници на нега и помош од друго лице чија бројка во Македонија изнесува околу 25.000 корисници, се вели во соопштението до медиумите на невладината организација „Хоризонт“.

„Сметаме дека овој закон по донесените измени со одредени членови е неуставен и ги крши правата на граѓаните по многу основи и како таков бараме од претседтелот Иванов да не го потпише истиот, а Уставниот суд да ја преиспита уставноста и истиот да се повлече бидејќи сметаме дека врши дискриминација и повреда на човековите права и ќе предизвика сериозно нарушување на здравјето и животите на огромен број досегашни корисници на правото за помош и нега од друго лице“, велат од организацијата и напоменуваат дека веќе имаат договрено средба со министерот за труд и социјална работа г-дин Диме Спасов за 18 август.

 Во соопштението од Хоризонт него ги детектираат членовите на законот кои според нив се спорни и проблематични, а реакцијата на измените ја пренесуваме во целост:

 „Член 4

Во член 72 по ставот 1 се додаваат два нови става 2 и 3 кои гласат:

Право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице може да оствари лице чиј годишен нето приход по сите основи изнесува најмногу до вкупниот годишен износ на просечни нето месечни плати исплатени за секој месец за претходната година.Центарот врши задолжителен увид во домот на подносителот на барањето заради утврдување на фактичката состојба и изготвува записник за основаноста на барањето за остварување на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, кој има влијание врз остварувањето на правото.“

 Ако се има во предвид дека просечната месечна плата во мај изнесувала 21.483,00 денари,со овој закон на пример лицата со 21.500,00 денари нема да можат да остварат право на паричен надоместок за нега, а лицата со примања на пример со 21.000,00 денари ќе го остварат правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице иако имаат истаи дијагнози на пример рак на бели дробови…Како може на она лице да речеме со 21.500,00 денари да нему се потребни пари за лекување,а на лице со 21.000,00 денари да му се потребни пари…Сметаме дека овде се врши дискриминација врз определена категорија граѓани кои иако се во тешка здравствена состојба нема да може да го остварат правото само заради материјалниот цензус што досега не беше практика.

 Повреда на уставноста и човековите права,односно дискриминација има и во член 7.

 Член 7

Во член 75 по ставот 2 се додаваат три нови ставови 3 , 4 и 5 кои гласат:

 За потребата за помош и нега од друго лице се доставува конзилијарно мислење и наод од најмалку тројца лекари специјалисти од соодветни специјалности,издадено од клиничките болници и тоа: Градска општа болница „ 8 ми Септември“-Скопје, ЈЗУ–Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“-Скопје и Универзитетски клиники.По исклучок на став 3 од овој член се доставува отпусно писмо соспецијалистички извештај и/или друга медицинска документација.Формата и содржината на конзилијарното мислење со наод, медицинската документација, како и надоместокот за издавање на конзилијарно мислење со наод поблиску го пропишуваат министерот за здравство во соработка со министерот за труд и социјална политика.

 Тука се врши повреда на правото на лекарите од внатрешноста и првата на граѓаните кои се досегашни корисници на правото за нега од внатрешноста на државата.Имено со овој член кој е дискриминирачки и фаворизирачки се признаваат медицински потврди и конзилијарни мислења издадени само од државна и градска болница од Скопје,додека истите медицинските документи издадени од здравствените установи во внатрешноста(Куманово,Струмица,Прилеп….) не се признаваат,што значи дека граѓаните може правото да го остварат исклучиво со медицински документи од Скопје.

 Ако се земе во предвид фактото дека лекарите од внатрешноста своето образование во најголем дел го стекнале на Медицинскиот факултет во Скопје каде што имаат и специјализирано се поставува прашањето од каде произлегува правото на МТСП да им ги омаловажува дипломите и знаењто на тие доктори од внатрешноста?!

 Дискриминирани се и болните кои се лекувале во здравствените установи во близина на местото на живеење кои со овие измени на законот се тераат да одат во Скопје да вадат медицинска документација и на тој начин се изложени на дополнителни трошоци и малтретирање.Голем број тешко болни граѓани заради здравствената состојба како на пример со мозочен удар нема да може да дојдат во Скопје и да извадат медицинска документација со што автоматски ќе го изгубат правото на паричен надоместок за нега и помош од друго лице.Исто така голем број на граѓани кои досега го користеја правото и ги исполнуваат критериумите поради фактот што се сиромашни и нивната лоша финансиска и здравствена состојба поради неможноста да дојдат во Скопје за да извадат медицинска документација ќе го изгубат парвото на паричен надоместок за нега и помош од друго лице.

 Едноставно огромен број на тешко болни,неподвижни и сиромашни граѓани на кои им следува паричен надоместок за нега и помош од друго лице нема да може да го користат оваа право поради овие чудни одредби од членот 7.

 Како дискриминирачки член е и членот 253-в:

Член 253-в

 Кога доктор специјалист учествувал во донесувањето на наод, оценка и мислење или дал конзилијарно мислење за потребата за помош и нега од друго лице, постојана парична помош, додаток за слепило и мобилност и додаток за глувост кој содржи невистинити и неточни податоци за здравствената состојба на лицето за остварување на одредено право ќе одговара за кривично дело и ќе биде казнет со казна затвор до три години.

Ако се има во предвид дека во Македонија имаме кривичен закон, од каде сега со овој закон за социјална заштита се утврдува кривично дело односно се измислува кривично дело за неточен наод кое ќе се казнува до 3 години затвор.

 Зошто министрите во делокругот на нивната работа не воведат ваква казнена политика со затворски казни доколку погрешно одлучат или предложат погрешни решенија ако веќе предвиделе казни за стручните лица по центрите и лекарите?!

 Се поставува прашањето кој може да работи под закана од затворска казна? Нон сенс е кривично дело да се утврдува со ваков Закон имајќи во предвид дека сите кривични дела се наброени во кривичниот закон на Македонија. Со овој член едноставно се врши притисок во работата на стручните лица што е недопостливо и недозволиво“.

(М.В)