/ Прочитано:

1.030

Рочиштето за предметот „Дива Населба“ одложено поради отсуство на судечкиот судија

Судијата Горан Бошевски ги извести адвокатите во предметот дека следното рочиште е закажано за 31 мај. Како што е веќе познато, процесот ќе се држи во големата сала на Врховниот суд.

Судење „Дива Населба“, прво рочиште

И денешното рочиште за случајот „Дива Населба“ беше одложено. Овој пат причината за одложувањето е отсуството на судечкиот судија Верка Петковска, која користела боледување.

Судијата Горан Бошевски ги извести адвокатите во предметот дека следното рочиште е закажано за 31 мај. Како што е веќе познато, процесот ќе се држи во големата сала на Врховниот суд.

Обвинетите, вкупно 37 на број, и денеска не беа спроведени од затворите во Македонија каде што ја издржуваат мерката притвор.

Адвокатот на дел од обвинетите Асмир Алиспаиќ очекува дека, и покрај тоа што станува збор за обемен предмет, судењето ќе се одвива во нормален тек.

„Бројката од 37 обвинети дава впечаток дека рочиштата ќе бидат долги и со исцрпувачки работни денови, но ги следевте рочиштата за „Дива Населба“ пред да биде споен предметот за таканаречените логистичари и иако бевме во поодмината фаза на сослушување на сведоци, сепак тие истите повторно ќе бидат повикани и ќе видиме дали ќе бидат повторно сослушани или ќе бидат прочитани нивните искази што веќе беа дадени“, изјави Алиспаиќ.

Судот пред две недели предметот „Молња“ за обвинетите за логистика на кумановската група од Дива Населба го спои со предметот „Дива Населба“.

По спојувањето на двата предмети, Кривичниот суд не можеше да најде соодветна просторија каде што ќе бидат исполнети сите услови за одржување на судењето. Преку барање упатено до Министерството за правда, а со одлука на Владата беше одредено судењето да се одвива во големата сала на Врховниот суд која претходно претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, не сакаше да ја отстапи поради безбедносни причини.

Во предметот „Дива Населба“ обвинети се 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела терористичко организирање од членот 394 – а и тероризам од членот 394 -б од Кривичниот законик. Судењето започна на 9 февруари, а на досегашните рочишта обвинетите се произнесоа дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар и беа сослушани бројни сведоци на Обвинителството: роднини и соседи на обвинетите и полициски службеници учесници во дводневните вооружени престрелки.

Во предметот „Молња“, пак, обвинети се 8 лица за помагање на вооружената група.

Како што истакна застапникот на обвинението од Обвинителството за организиран криминал и корупција Наум Пановски, организаторите на кумановската група регрутирале лица од локалното население кои ќе им дадат логистичка поддршка.