/ Прочитано:

596

Русија: Амнестија по повод 20-годишнината од Уставот, можно ослободување на Pussy Riot

Четврток, 5 декември 2013 – „Амнестијата треба да се однесува само на тие лица кои не извршиле тешки престапи поврзани со насилни дејства кон претставниците на власта“, изјави претседателот Путин .

Во Русија се подготвува амнестија по повод 20-годишнината од Уставот на Руската Федерација. Претседателот му нареди на Советот за правата на човекот уште на 26 септември да се подготви за амнестија, а на 15 октомври проектот беше готов и предаден на шефот на државата, пренесува Руска реч.

Според предлогот, амнестијата треба да се однесува само на тие лица кои не извршиле тешки престапи поврзани со насилни дејства кон претставниците на власта“, изјави претседателот.

Засега не е јасно дали е предвидено отпуштање од затвор и на претставничките на Pussy Riot и Михаил Ходорковски, како и еколозите од Arctic Sunrise.  Што се однесува до Pussy Riot, тие можат да бидат амнестирани како жени кои имаат малолетни деца. Според казната, учесничките на оваа група треба да излезат од затвор во март 2014 година.

Според пресметките, амнестијата може да опфати околу 100.000 лица, вклучувајќи и условно затворени.