/ Прочитано:

1.791

Русија одби да го ратификува Римскиот статут, основачкиот документ на Меѓународниот кривичен суд

„За жал, Судот не успеа да ги исполни очекувањата и да стане навистина независна институција, односно авторитативен меѓународен суд. Работата на Судот се карактеризира како неефикасна и неефективна бидејќи во текот на 14-те години постоење, Судот изрече само четири казни, а потрошени се повеќе од една милијарда долари“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.

THE HAGUE, NETHERLANDS - JULY 23: View of the International Criminal Court as Dutch prosecuters consider a war crimes investigation of the Malaysia Airlines crash July 23, 2014 in The Hague, The Netherlands. Malaysia Airlines flight MH17 was travelling from Amsterdam to Kuala Lumpur when it crashed killing all 298 on board including 80 children. The aircraft was allegedly shot down by a missile and investigations continue over the perpetrators of the attack. (Photo by Michel Porro/Getty Images)

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша Декрет со кој Русија го одбива пристапувањето кон Меѓународниот кривичен суд, што значи дека нема да го ратификува Римскиот статут – основачки документ на Судот.

Руското Министерство за надворешни работи треба да го информира генералниот секретар на Обединетите нации за Декретот.

Причината за овој чекор на шефот на руската федерација,според руското МНР, е поради тоа што Меѓународниот кривичен суд не ги оправдал надежите кои се вложувале во него и не станал независен правосуден орган со авторитет.

Седиштето на МКС е во Хаг и овој суд е надлежен за судења за меѓународни кривични дела, како што се геноцид, агресија, злосторства против човештвото.

Римскиот статут е создаден со учество на Русија и усвоен на Дипломатска конференција на ополномоштени претставници под покровителство на ОН, во 1998 година во Рим. Тој стапи во сила на 1 јули 2002 година, а Русија го потпиша на 13 септември 2000 година.

„За жал, Судот не успеа да ги исполни очекувањата и да стане навистина независна институција, односно авторитативен меѓународен суд. Работата на Судот се карактеризира како неефикасна и неефективна бидејќи во текот на 14-те години постоење, Судот изрече само четири казни, а потрошени се повеќе од една милијарда долари“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.

Претседателскиот декрет, кој е објавен денеска на официјалниот руски правосуден портал, ги задолжи властите да го прифатат предлогот на Министерството за правда, кое е во координација со руското Министерство за надворешни работи и други сојузни органи на извршната власт.

Декретот ќе стапи на сила веднаш штом ќе биде потпишан од страна на сите руски владини институции.

Инаку, при потпишувањето на Римскиот статут од страна на Русија беше изразено одобрување за општата идеја за постоењето на Меѓународниот суд за човекови права.

Официјална Москва тогаш истакна дека МКС, како прво постојано тело на меѓународното кривично право, влева големи надежи за меѓународната заедница во борбата против неказнивост и во контекст на заедничките напори за одржување на меѓународниот мир и безбедноста.

„Русија постојано се залага за кривично гонење на одговорните за најсериозните меѓународни злосторства. Минатото сведочи дека нашата земја отсекогаш учествувала во развојот на основните документи за борба против геноцид, злосторства против човештвото и воените злосторства. Од тие причини, Русија гласаше за усвојување на Римскиот статут“, беше наведено при потпишувањето на Римскиот статут пред 16 години.

Сепак, постојат голем број противречности помеѓу одделни одредби од Римскиот статут и Уставот на Руската Федерација, и тоа е една од причините поради која Русија одбива да го ратификува документот. Русија е разочарана од некои одлуки на МКС, особено од тоа да се поведе истрага за конфликтот меѓу Јужна Осетија и Грузија во 2008 година.

А. Б.