/Прочитано:

420

САД: Бесплатни советувања и правна помош преку компјутерски креиран правен сервис

Презентирајќи ги новите услуги, претставниците на овој сервисот „DoNotPay“ велат дека вештачки креираните правни експерти ќе им помагаат на возачите со казните за паркирање, или пак на бегалци при аплицирање за азил, ќе им се даваат совети и помош на вработените кои се соочиле или се соочуваат со некакво малтретирање на работното место, како и на потрошувачите кои едноставно сакаат рефундирање на средствата во случај кога се незадоволни од купен производ. Инаку, како што вели креаторот на сервисот, Џошуа Браудер, адвокатите на „DoNotPay“ се бесплатни и се од особена важност за лица со ниски приходи, а на кои им е неопходна правна помош.

 

„Не плаќај“ (DoNotPay) е познат компјутерски правен сервис во светот кој за своите корисници најавува низа новини. Имено, новите услуги што ги најавува „DoNotPay“ ќе бидат достапни во сите сојузни држави на САД и во Велика Британија и ќе се однесуваат на правата на граѓаните од областа на потрошувачката и трудот. Сервисот практично најавува советувања и правна помош кои ќе бидат целосно бесплатни.

Презентирајќи ги новите услуги, претставниците на овој сервис велат дека вештачки креираните правни експерти ќе им помагаат на возачите со казните за паркирање, или пак на бегалци при аплицирање за азил, ќе им се даваат совети и помош на вработените кои се соочиле или се соочуваат со некакво малтретирање на работното место, како и на потрошувачите кои едноставно сакаат рефундирање на средствата во случај кога се незадоволни од купен производ.

Креаторот на сервисот „DoNotPay“, Џошуа Браудер, појаснува дека проширувањето на услугите за нивните корисници се однесува на правата на потрошувачите, на решавање на проблемите кои ги имаат луѓето со сопственикот за домување, или пак да се обесштетат незадоволните граѓани, односно да им се вратат парите доколку се незадоволни од купен производ, од ненавремена достава и слично.

„Мислам дека бизнисите треба да бидат принудени да ги третираат потрошувачите подобро, а вештачки креираните правници кои се борат за правата на потрошувачите се надевам дека ќе го променат тоа“, нагласува Браудер.

Инаку, како што вели креаторот на сервисот, адвокатите на „DoNotPay“ се бесплатни и се од особена важност за лица со ниски приходи, а на кои им е неопходна правна помош.

„Преку ‘DoNotPay’, корисникот има едноставен, инстант разговор каде што го поставува прашањето со свои зборови. Дури и поплаките како ’Мојата авиокомпанија ме зафркна‘ ќе бидат регистрирани од системот. Потоа виртуелниот адвокат одговара на серија прашања поставени од страна на корисникот, што на крајот резултира со исклучително корисни совети. ‘DoNotPay’, исто така, може да ги поврзе корисниците со надворешна помош, како непрофитна организација која обезбедува про-боно застапување или можности за акција во посериозни случаи“, нагласува Браудер.

Инаку, Браудер го создал овој сервис додека бил студент на Стенфорд, кога речиси секојдневно добивал казни за паркирање. Тој појаснува дека во тој период бил сведок на многу ситуации во кои голем број адвокати, како што вели, практично ја искористуваат човечката мизерија, заради профит, особено влијаејќи врз луѓето со ниски примања.

Според Браудер, стапката на успех на „DoNotPay“ е околу 55 проценти, што значи дека машината е прилично добра во она што го прави.

Тој се надева дека „DoNotPay“ помага во изедначување на правната игра, давајќи им на сите луѓе иста моќ како и на најбогатите во општеството.

„Мислам дека светот е толку неправедно место. Компаниите за кредитни картички им наплаќаат на сиромашните повеќе за истото, а работодавачите не го почитуваат правото на породилно отсуство. Половина од сите билети за паркирање се отфрлени во Њујорк, а претходно главниот начин да се поправи оваа неправда е да платат адвокат, да дадат стотици долари за копирање и печатење документи. Се надевам дека ‘DoNotPay’ им дава на луѓето можност и одреден начин да се залагаат за своите права“, вели Браудер.

 А. Б.