/ Прочитано:

1.234

САД: Претседателот Трамп најави законски мерки за намалување на легалната имиграција

Со цел намалување на бројот на мигрантите, конкретно намалување на интензитетот на легалната имиграција, претседателот Трамп заедно со уште двајца републикански сенатори најавуваат предлог-закон што формално-правно ќе ја регулира оваа област. Ваква мерка на дејствување е дел од ветувањата во текот на претседателската кампања. Со предлог-законот за намалување на легалната имиграција ќе се укине лотаријата за зелена карта, што во голема мера ќе го отежне нејзиното добивање.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави нов план за имиграцијата во Соединетите Американски Држави, што во суштина ќе значи, како што информираат американските медиуми, дека САД се подготвуваат да го укинат најпосакуваниот документ за имигрантите, односно да ја укинат лотаријата за добивање зелена карта.

Со цел намалување на бројот на мигрантите, конкретно намалување на интензитетот на легалната имиграција, претседателот Трамп заедно со уште двајца републикански сенатори најавуваат предлог-закон што формално-правно ќе ја регулира оваа област. Ваква мерка на дејствување е дел од ветувањата во текот на претседателската кампања.

Со предлог-законот за намалување на легалната имиграција ќе се укине лотаријата за зелена карта, што во голема мера ќе го отежне нејзиното добивање.

„Овој конкурентен процес за апликација ќе фаворизира кандидати кои зборуваат англиски, кои располагаат со финансиски средства за да се издржуваат и кои ќе покажат вештини кои ќе бидат од корист за нашата економија. На овој начин ќе се намали сиромаштијата во земјата, ќе се зголемат платите и ќе се заштедат пари на даночните обврзници. Истовремено, со новите правила ќе се намали миграцијата“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Меѓу другото, предлог-законот предвидува и ограничување за влез на членови на семејствата на имигрантите, со што легислативата ќе придонесе за намалување на бројот на имигрантите со легален престој во САД од еден милион на 500.000 лица годишно.

Овој закон допрва треба да помине во Сенатот, но очекувањата се дека ќе биде изгласан. Трамп уште за време на неговата претседателска кампања најавуваше дека една од неговите главни цели во политиката ќе бидат реформи во имиграциониот закон на САД.

А. Б.