/ Прочитано:

788

СДСМ со усна кривична пријава против Канчевска-Милеска за проектот „Скопје 2014“

Петок, 18 октомври 2013 – Од СДСМ денеска на прес-конференција соопштија дека поднесуваат усна кривична пријава до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против министерката за култура на Република Македонија – Елизабета Канчевска Милеска за проектот „Скопје 2014“.

Генералниот секретар на СДСМ изјави дека кривичната пријава ја иницираат бидејќи се сомневаат дека министерката Камчевска Милеска ја злоупотребила злужбената положба при реализацијата на проектот „Скопје 2014“.
Попрецизно, СДСМ се сомнева на злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, став 5 од Кривичниот закон, за нанесена штета на Буџетот на РМ во вредност од над 3,5 милјарди денари или повеќе од 58 милиони евра.
„Се сомневаме дека спротивно на членовите 3, 4, 5 и член 8 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја (ЗМССО) министерката учествувала, поттикнала и ја злоупотребила својата функција на начин што во име на Министерството доставиле 13 иницијативи до општина Центар за подигање на 22 спомен-обележја, иако од содржината на истите и описот на ликовите даден во иницијативите произлегува дека се работи за изградба на меморијални споменици, за кои општината не е надлежна туку Собранието на РМ и тоа свесно знаејќи дека за секој споменик поединечно Собранието мора да донесе одлука и тоа со Бадентерово мнозинство“, изјави генералниот секретар Спасовски.
Од СДСМ велат дека бараат итно постапување на МВР и Јавното Обвинителство, со што, според нив, би докажале дека немаат селективен пристап и дека сите се еднакви пред законот.