/ Прочитано:

1.676

Се подготвува нов Закон за инспекција во животната средина

Министерството за животна средина и просторно планирање подготвува нов Закон за инспекција во животната средина. Главна причина поради која се пристапи кон изработка на нов закон, посочуваат од Министерството, е потребата од координирано повеќегодишно планирање на инспекцискиот надзор на централно и локално ниво, кое ќе ги следи долгорочните стратешките цели и приоритети предвидени во стратешките документи од областа на животната средина, како и планирање на инспекцискиот надзор во согласност со воспоставени критериуми за процена на ризик во согласност со влијанието кое субјектите на надзорот го имаат врз животната средина.

„Со донесувањето на Предлог-законот за инспекција во животната средина ќе се овозможи воспоставување на повеќегодишно планирање на инспекцијата во животната средина во согласност со целите и приоритетите дефинирани во стратешките документи, што ќе се обезбеди преку донесување на повеќегодишен план за инспекција во животната средина, како и донесување на единствената програма за инспекција во животната средина во согласност со воспоставени критериуми за процена на ризикот врз животната средина“, велат  од Министерството за животна средина и просторно планирање.

M.В