/ Прочитано:

1.838

Се подготвува нов Закон за управување со отпад усогласен со правото на ЕУ

Министерството за животна средина и просторно планирање подготвува нов Закон за управување со отпад.

При анализа на состојбата со управување со отпадот во Република Македонија, велат од Министерството, беа утврдени следните главни проблеми за управување со отпадот:

  • неусогласеност на Законот за управување со отпадот и прописите што произлегуваат од него со барањата што произлегуваат од новите измени на правото на ЕУ од областа на отпадот, особено во дефинициите за отпадот;
  • преклопување на дел од надлежностите на институциите во управувањето со отпадот и нивно усогласување помеѓу централната и локалната власта;
  • недоволна имплементација на прописите за управување со отпад – делумно спроведување на економските мерки кои имаат за цел воспоставување на системот за искористување на отпадот и
  • недостиг од соодветна инфраструктура за управување со отпадот.