/ Прочитано:

3.409

Се подготвува студија за различните форми на сексуално насилство

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство подготвува студија за различните форми на сексуално насилство во Р.Македонија.

„Eфикасна стратегија и законска регулатива за редуцирање и превенција на родово базираното насилство, вклучувајќи го сексуалното насилство, мора да се темели на точни податоци за да се утврди реалната состојба во една земја,па затоа целта на ова истражување е да се истражи перцепцијата за сексуалното насилство кај граѓаните на Република Македонија. Со ова истражување предвидено е да се утврдат искуствата, ставовите и уверувањата на луѓето во врска со најзастапените облици на сексуално насилство во Македонија, а кои Истанбулската конвенција ги препознава како форми на сексуално насилство. Прашалникот содржи 20 прашања за кои ќе ви се потребни не повеќе од 5 минути да одговорите“, велат од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Прашалникот можете да го најдете на следниов линк: https://eSurv.org?u=GlasProtivNasilstvo

М.В