/ Прочитано:

1.880

Се подготвува Закон за пријавување и евиденција на обврски

Министерството за финансии подготвува Предлог на Закон за пријавување и евиденција на обврски. Со усвојување на предложениот закон, посочуваат од Министерството, ќе се овозможат обезбедување и одржување на транспарентноста и отчетноста и доследно јакнење на одговорноста при располагањето со јавните средства.

„Тоа ќе се овозможи преку целокупно евидентирање на преземени, а недоспеани обврски и на доспеани, а неплатени обврски во соодветен електронски систем од страна на органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, установите и институциите кои вршат дејности од областа на културата, образованието, здравството, детската, социјалната заштита, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон основани од Република Македонија или единиците на локалната самоуправа, како и јавните претпријатија, трговските друштва, заводите, агенциите, фондовите и други правни лица чиј основач е Република Македонија или единиците на локалната самоуправа“, образложуваат од Министерството за финансии.

M.В