/ Прочитано:

3.512

Се подготвуваат измени на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители во врска со изборот на органите на Академијата

Министерството за правда подготвува измени на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители. Основна цел на Законот, велат од Министерството, е отстранување на формалните критериуми кои претставуваат пречка за ефикасно функционирање на органите на Академијата.

„Од денот на примената на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ број 20/15), со кој беа предвидени нови услови за избор на директор, членови на Управниот одбор и Програмски совет на Академијата, сè уште не е извршен нов избор на овие органи во согласност со предвидените законски услови. Имено, по истекот на мандатот на претходно именуваните директор, членови на Управниот одбор и Програмскиот совет на Академијата, во согласност со условите од Законот за Академија за обука на судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ бр. 88/2010, 166/12 и 26/13), истите сè уште ги извршуваат нивните надлежности, иако немаат мандат. Со ова се доведува во прашање легитимноста и функционирањето на Академијата, односно примената на Законот. Иако поминале повеќе години, предвидените органи сè уште не можат да се формираат и да функционираат“, образложуваат  од Министерството за правда.

М.В