/Прочитано:

545

Се подготвуваат измени на Законот за персоналниот данок на доход, чија цел е да се олесни начинот на плаќање на персоналниот данок

Министерството за финансии подготвува предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход по скратена постапка.

Целта на Предлог-законот, велат од Министерството, е да се олесни начинот на пресметување и плаќање на персоналниот данок на доход и да се скрати времето за утврдување на годишниот данок на доход.

„Поради потребата од намалување на административниот товар на даночните обврзници и на Управата за јавни приходи, како и унапредување и олеснување на начинот на плаќање на персоналниот данок на доход се предлагаат измени на Законот за персоналниот данок на доход“, посочуваат од Министерството за финансии.

Со Законот за персонален данок на доход се уредува начинот на оданочување на доходот на граѓаните. Персоналниот данок на доход се плаќа годишно на збирот на нето приходите од сите извори, освен на приходите што се изземени од оданочување со овој закон.

М.В