/ Прочитано:

1.400

Се подготвуваат измени на Законот за внатрешната пловидба, чија цел е поголема безбедност во внатрешната пловидба

Министерство за транспорт и врски подготвува измени на Законот за внатрешна пловидба. Цел на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба, посочуваат од Министерството, е остварување поголема безбедност во внатрешната пловидба, како и дорегулирање на односите меѓу превозниците и утврдување на условите при вршење на транспорт на патници и стока на внатрешните пловни патишта, со целосно имплементирање на одредби од Директивата 96/75/ЕЗ, Регулативата 1356/96, Регулативата 3921/91, Директивата 87/540/ЕЕЗ, Директивата 91/672/ЕЕЗ и Директивата 96/50/ЕЗ.

Со Законот за внатрешната пловидба, се уредуваат внатрешната пловидба и безбедноста на пловидбата на внатрешните води на територијата на Република Македонија; услови и начин на користење, одржување и заштита на пловните патишта, пристаништата, зимовниците, сидриштата и капалиштата; државна припадност, идентификација, упис и бришење на пловните објекти; екипаж на пловните објекти; постапување во случај на пловидбена незгода; вадење потонати предмети; надлежност на Капетанијата на пристаништата; надзор и други прашања во врска со внатрешната пловидба.

Одредбите од овој закон што се однесуваат на бродовите се применуваат и на пливачките објекти, на чамците и на воените бродови, само ако тоа со овој закон изречно е предвидено. Врз односите што не се уредени со овој закон, други закони и подзаконски акти, се применува обичајното право од областа на внатрешната пловидба.

М.В