/ Прочитано:

1.135

Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за формирање Комисија за импичмент на Иванов

Во рок од 7 дена Комисијата треба да достави извештај до претседателот на Парламентот за тоа дали е основан или не е основан Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на Претседателот на Република Македонија, по што претседателот Трајко Вељаноски треба да закаже седница на која пратениците со двотретинско мнозинство ќе се изјасни за него.

Собрание внатре

Денес во Собранието на Република Македонија на седница на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата треба да биде формирана Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на Претседателот на Република Македонија.

Комисијата за оцена на основаноста на Предлогот за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов треба да брои 11 члена и да го отсликува составот во Парламентот. Парламентарното мнозинство треба да има претседател и 5 члена, а опозицијата 5 члена.

Во рок од 7 дена Комисијата треба да достави извештај до претседателот на Парламентот за тоа дали е основан или не е основан Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на Претседателот на Република Македонија, по што претседателот Трајко Вељаноски треба да закаже седница на која пратениците со двотретинско мнозинство ќе се изјасни за него.

Доколку биде изгласан предлогот, за него треба да се произнесе и Уставниот суд.