/ Прочитано:

745

Седници на шест собраниски Комисии

Среда, 10 септември 2014 – Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за здравство, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за надворешна политика, Комисијата за култура и Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска е предвидено да расправаат по повеќе предлог-закони.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет треба да расправаат по Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ревизија, во второ читење, како и по Предлог – закон за задолжителни нафтени резерви, во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за здравство за денешната седница поставени се повеќе Предлог – закони меѓу кои Предлог-закон за изменување на Законот за санитарната и здравствената инспекција, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, Предлог-закон за изменување на Законот за јавно здравје, Предлог-закон за изменување на Законот за прекинување на бременоста, Предлог-закон за изменување на Законот за прекинување на бременоста, Предлог-закон за изменување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, сите во прво читање.

На седницата пред членовите на Комисијата за здравство предвидено е да се најдат и Предлог-закон за изменување на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Предлог-закон за изменување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, трите во прво читање.

Комисијата за образование, наука и спот ќе расправа по Предлог-закон за дополнување на Законот за спортот, во второ читање, а пред членовите на оваа Комисија ќе се најде и Предлог-закон за изменување на Законот за образование на возрасните, во второ читање, како и  Статутарна одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (I фаза).

Предлогот на дневниот ред на Комисијата за образование, наука и спорт се дополнува со Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, по скратена постапка како и со Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование, по скратена постапка.

На седницата на Комисијата за надворешна политика предвидено е претставување на платформата за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Република Казахстан, Илија Псалтиров како и претставување на платформата за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Обединетите Арапски Емирати, Сашо Ташевски.

Членовите на Комисијата за култура на дневен ред на седницата имаат само една точка, а тоа е Предлог-закон за прогласување на Старото градско јадро на Кратово за културнио наследство од особено значење, во второ читање.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе ја утврдува предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

На седницата на оваа Комисија предвидено е и утврдување предлог-одлука за разрешување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.