/ Прочитано:

817

СЕГА: Промоција на Извештај од мониторинг на спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето во Македонија

Вторник, 14 октомври 2014 – Коалицијата на младински оранизации СЕГА денеска ќе го промовира Извештајот од мониторинг на спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето во Македонија за 2013 година.

Мониторингот е спроведен од март до јуни 2014 година, а целта е да се утврди состојбата со детските прaва во Македонија на локално и национално ниво.

Податоците, како што известуваат оттаму,  биле прибирани на локално ниво во 14 градови во Македонија, односно во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Ресен, Прилеп, Битола, Кавадарци, Штип, Виница, Гевгелија и Охрид, 17рурални места  и на национално ниво вклучувајќи национални институции.

„Овој извештај дава приказ за состојбата со регулирањето и почитувањето на правото на учество на децата во донесувањето одлуки, спроведувањето на правото на здружување, правото на образование и еднаков пристап, како на национално ниво така и на локално ниво, по однос на Препораките на Комитетот за Правата на Детето При Обединетите Нации донесени во 2010 година“, информираат од Коалицијата.

Коалиција на младински организации СЕГА е национална платформа на младински организации која работи на развивање и примена на младински политики во Република Македонија, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба.