/ Прочитано:

768

Семејното правo во EУ тема на семинарот кој за првпат заедно го организираат Академијата за судии и јавни обвинители, српската Правосудна академија и ЕИПА

Вторник, 30 септември 2014 –  „Семејното право во ЕУ“ е тема на семинарот кој вчера  и денеска се одржува во Скопје во заедничка соработката помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Правосудната академија на Република Србија и Центарот за судии и адвокати при Европскиот институт за јавна администрација – ЕИПА од Луксембург.

 На семинарот, покрај националните судии, учествуваат и судии од сите инстанци од Република Србија.

Целта на семинарот, како што појасни директорката на Академијата „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска во своето обраќање вчера, е да се разменат практични искуства во поглед на судската пракса од страна најголемите судови во Европа поврзани во врска со примената на правните инструменти кои се однесуваат на семејното право.

Странските експерти кои ќе имаат излагања на семинарот изразија задоволство што имаат можност да ги пренесат искуствата на Европската унија, но исто така што ќе можат да слушнат и како се применува семејното право од страна на националните практичари во Република Македонија и Република Србија.

За судиите од Србија организирањето на семинарот е од големо значење бидејќи на овој начин заеднички ќе можат да ги согледаат сите пречки и проблеми со кои се соочуваат правните практичари од двете земји, а воедно се остава простор да се дискутира за сите актуелни правни инструменти во врска со семејното право, кои постојат во европската легислатива, а треба доследно да бидат применети и почитувани од страна на националните судови.

Како што информираат од Академијата „Павел Шатев“, во рамки на оваа соработка предвидено е да се одржи уште еден семинар во Република Србија каде ќе присуствуваат и судии од Република Македонија.